Агро бизнисВестиЛов и риболовТоп вести
„Преспафиш“ е новиот концесионер за вршење стопански риболов на Преспанско Езеро
Со доделувањето на концесијата ќе се овозможи заштита на рибниот фонд во риболовната вода, како и негово економско користење на одржлив начин.
На брегот на Преспанското Езеро, денеска министерот за земјоделие Арјанит Хоџа му го врачи договорот на новиот концесионер „Преспафиш“, за вршење стопански риболов на риболовното подрачје Преспанско Езеро, како и за организирање рекреативен риболов, на рекретативната зона Преспанско езеро.
-Со доделувањето на концесијата ќе се овозможи заштита на рибниот фонд во риболовната вода, како и негово економско користење на одржлив начин.
Концесионерот ќе треба да работи на риболовната основа, согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура и најодговорно да ги спроведува обврските утвредени во договорот за концесија.
Како концесионер за стопански и рекреативен риболов, Преспафиш ќе биде должен да организира рибочуварска служба, преку лиценцирани рибочувари а како обврска во делот на рекреативниот риболов, ќе се грижи за обновување на рибниот фонд преку редовно порибување на риболовната вода.
Преспанското Езеро претставува важно водно живеалиште и прогласено е за споменик на природата. Имаме должност да го зачуваме за идните генерации, информираат од МЗШВ .