Фабриките за медицински канабис од Прилеп и Битола останаа без дозволи
Не за медицински цели, туку за шверц и луксуз
Владата ги укина решенијата за одобрување за одгледување на канабис за медицински цели на двете фирми – Пхарма ЕУ ЛЛЦ, едната во Прилеп и другата во Битола, вчера на владина седница. Иако во соопштението не се откриваат детали за одземањето на лиценците, ова се случува еден месец по полициската акција во која беa запленети 200 килограми марихуана, во вредност од над 800.000 евра, а беа уапсени шестмина меѓу кои и командирот на полициската станица во Прилеп. Се тврдеше дека сите се вклучени во нелегални дејства и соработка со фирми за произиводство на медицински канабис од Прилеп и Битола. Првичните претпоставки беа дека марихуaната била земена од овие две фабрики и требало да биде прошверцувана и продадена во селото Радобил, а потоа да заврши на нарко пазарот во Грција.
„На предлог на Министерството за здравство ги разгледа и усвои Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп, како и Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на коноп за медицински цели на Друштво за производство, трговија и услуги „МЕДИЦАЛ 420“, увоз-извоз, ДОО Битола, стои во известувањето од Владата.
Полициската акција инаку беше на 10 април годинава. При претресите во домовите на приведените, пронајдени се пиштоли, гранати, луксузни часовници, но и документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели.
Комбето со марихуаната било запрено на патниот правец Прилеп – Росоман. Со цел да не биде евентуално запрено од сообраќајна полиција пред него и по него имало два приватни автомобили.https://faktor.mk/ne-za-medicinski-celi-tuku-za-shverc-i-luksuz-fabrikite-za-medicinski-kanabis-od-prilep-i-bitola-ostanaa-bez-dozvoli–