fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Од денеска почнува исплатата на мајските пензии

Пензиите и овојпат ќе се делат според висината на пензијата, односно во четири групи.

Започнува исплата на мајските пензии за оние граѓани кои не користат платежни картички.

Пензиите и овојпат ќе се делат според висината на пензијата, односно во четири групи. За пензии до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши утре (среда), за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 27.05.2021 година (четврток), за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 28.05.2021 година (петок) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година (понеделник).

Пензионерите кои користат платежни картички, независно од висината на пензијата, со истата може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа веќе од утре, 26-ти мај.

Банките препорачуваат на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна во банките да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата, за да не се создаваат дополнителни гужви на благајните, имајќи ги во вид преземените безбедносни мерки во експозитурите.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close