fbpx
ВестиВино

Тиквеш по вторпат нај компанија според еуроменаџер

Винарската визба Тиквеш, втора година по ред, е добитник на европската награда Најкомпанија на годината која по 34. пат ја доделуваат Регионалната канцеларија за Југоисточна и Средна Европа на Европското здружение на менаџери и списанието Еуроменаџер. Истовремено генералниот директор на ВВ Тиквеш Игор Илиевски е прогласен за Најменаџер на годината.

tikvesh po vtorpat naj kompanija spored euromenadzer

 

„Ова е големо призние за нашите досегашни конкретни остварувања во сите сегменти од работењето, но истовремено претставува и нова обврска да создаваме уште повеќе. Наградата е резултат на вложената енергија, знаење и работа на целиот тим на Тиквеш во остварувањето на нашата мисија во Глобални рамки да бидеме препознаени како вистински претставник и предводник на винската индустрија од целиот регион“, изјави генералниот директор на ВВ Тиквеш Игор Илиевски во своето обраќање на церемонијата за доделување на наградата која се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

За годинешнава награда најменаџер и најкомпанија на годината беа номинирани над 2 000 менаџери и компании од целиот регион, a според многумина оваа награда се вбројува меѓу петте најпочитувани награди од овој вид во светот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close