Помалку малини оваа година – производителите бараат повисоки цени
Килограм малини на пазарите е 20 евра
Србија-Првите плодови од малини наскоро ќе започнат да пристигнуваат, а според моменталната состојба на теренот, малините сигурно ќе бидат баран плод. Ладилниците веќе се во голема мерка на терен со цел да воспостават што повеќе контакти со земјоделските производители од кои би купиле „црвено злато“.
“Откупната цена е сè уште непозната, се вели дека може да биде три евра за килограм, имајќи предвид дека родот не е како лани, ќе биде помал. Килограм малини на пазарите е 20 евра, па зошто на нас овоштарите да не ни бидат платени најмалку три евра. И колку што има побарувачка, тешко дека пазарот ќе може да се задоволи”, рече Дејан Јовиќ, одгледувач од селото Лопатањ, општина Осечина.
https://www.agroklub.rs/vocarstvo/manje-roda-maline-ove-godine-proizvodaci-traze-vise-cene/68550/