fbpx
ВестиТоп вести

Земјоделците сами можат да произведуваат ѓубриво

Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион од идниот месец ќе ја почне кампањата за подигање на јавната свест кај граѓаните за компостирање на органскиот отпад. Од таа причина, преку програмата за прекугранична соработка со соседна Бугарија ќе набави 400 компостери, кои ќе бидат поделени на заинтересирани домаќинства и земјоделци од југоисточна Македонија да прават органско ѓубриво преку компостирање.

zemjodelcite sami mozhat da proizveduvaat gjubrivo

 

Паралелно со доделувањето на компостерите, со повеќе промотивни материјали и едукативни работилници, Центарот ќе се обиде да ги убеди домаќинствата, пред се земјоделците, да не го фрлаат органскиот отпад по депониите, туку да го искористат за производство на компост. “Југоистокот е земјоделски регион и се создава огромен органски отпад, кој најчесто завршува на диви депонии. Нашата цел е да ги информираме земјоделците дека сами може да произведуваат ѓубриво, кое може да се искористи за ѓубрење на нивите и да се заштеди. Замислете само колкави остатоци од градинарски култури се фрлаат по депониите. Паралелно, на јавен оглас ќе понудиме бесплатно 400 компостери “, ни истакна раководителката на Центарот за развој на Југоисточниот Регион Жулиета Ѓуркова.

За реализација на овој проект, од програмата за прекугранична соработка на ЕУ се доделени 7,5 милиони денари и кампањата во југоисточна Македонија ќе трае во наредните 15 месеци. Целта на проектот, кој ќе се реализира со југозападните општини од Бугарија, е да се заштити животната средина, а органскиот отпад да се користи за добивање ѓубриво.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close