fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Од 1 август граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја

Новата цена на струјата ќе се знае на крајот на јуни. Последното покачување беше лани во август со кое домаќинствата сега плаќаат повисоки сметки за 7,4%.

Една сметка за струја од 2000 денари би се зголемила за најмногу 100 денари доколку Регулаторната комисија за енергетика ги одобри сите трошоци кои ги побарале енергетските компании – но само ако од Електрани не ја зголемат цената на произведената струја.

Од компаниите чии барања ќе се анализираат, МЕПСО, на пример, пресметала дека ќе и треба покачување за дури 143% од сегашната сума која ја зема на платена сметка. Попластично, на уплатени 1000 денари наместо 35 да „ќари“ 80 денари.

Барања за трошоци на компаниите:

МЕПСО = покачување за 143%

НЕМО = покачување за 45%

ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА = покачување за 0,95%

Сепак, корекциите на овие трошоци на кои влијае Регулаторна учествуваат со 38% на крајната цена на струјата. Се ќе се зависи од цената која ќе ја одреди ЕСМ за електричната енергија која ќе ја продава на универзалниот снабдувач.

Првиот човек на Регулаторна, Бислимовски, е оптимист дека нема да има драстично поскапување. Тврди дека нема да одобри никакви дополнителни трошоци што не се од енергетскиот домен на компаниите.

Граѓаните реагираат – нова повисока сметка за струја е удар врз нивниот џеб.

Новата цена на струјата ќе се знае на крајот на јуни. Последното покачување беше лани во август со кое домаќинствата сега плаќаат повисоки сметки за 7,4%.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close