fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Заев: Нема да има кризен данок, ниту ќе растат даноците, буџетот е во добра кондиција

Кризен данок нема да има – уверува премиерот Заев.

Буџетот е во добра кондиција, нови даноци нема да се воведуваат, ниту постоечките ќе растат. Премиерот најави намалување на персоналецот во ИТ индустријата, и воведување на прогресивен данок во 2023тата.

„Кризен данок не ни треба. Стабилноста е важна и 2023 ако успејат сите анализи сме за правичното одданочување. Богати повеќе да платат и дај боже сите да сме побогати. Сакам уште една да го афирмирам кој значи за куќча плаќаме 50%, кај не живееме 100%, а за се што имаме а не го користиме три пати повеќе даноци. Некој има фазла и да платат повеќе.“ изјави Зоран Заев, претседател на Влада

Државата добро ги собира даноците, а дали дефицитот во буџетот ќе расте, ќе зависи од тоа дали ќе продолжи државната помош за излез од кризата.

„Ако има потреба од зголемување дефицит, тоа ќе биде заради помагање. Не дека очекуваме бран туку треба помагаме. Видовме секоја помош на сиромашни, на рабоници, на фирми ни се враќа во буџет. Треба да сме сервис, генерално сме со определба за помагање. посебно во аспирација за помош, дел утре. Треба да биде преку поодршка на приватната потрошувачка.“ истакна Зоран Заев, претседател на Влада

Прашањето за враќање на прогресивниот данок го отворија академиците, откако препорачаа зголемување на данокот на доход и кратење на непродуктивните трошоци на Владата со цел да се избегне финансиска нестабилност и да запре растот на јавниот долг.https://kanal5.com.mk/zaev-nema-da-ima-krizen-danok-nitu-kje-rastat-danocite-budjetot-e-vo-dobra-kondicija/a476732

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close