ВестиМакедонија
Потврден стандардот за квалитет во менаџментот на АД ЕСМ
Заклучок на тимот проверувачи е дека во АД ЕСМ успешно се применува стандардот и нема барања за корективни мерки
Сертифицирани проверувачи од компанијата TUV Nord Essen, Germany извршија редовна годишна надворешна контрола на примената на стандардот за квалитет во менаџментот во АД ЕСМ, ISO 9001:2015. Заклучок на тимот проверувачи е дека во АД ЕСМ успешно се применува стандардот и нема барања за корективни мерки, така што сертификатот за овој стандард за нашата компанија продолжува да важи и во наредниот период.
Во текот на процедурата беше извршена контрола на работењето на Тимот задолжен за примена на стандарди на ниво на АД ЕСМ, како и на подружниците ХЕС Црн Дрим-Струга и ХЕС Треска-Скопје. Беа прегледани повеќе од 150 различни документи и записи кои ја отсликуваат имплементираноста на стандардот во нашата компанија.