fbpx
ВестиЛов и риболов

Јагулата пак ќе тргне на пат долг 6000 километри

Ќе се ревитализира природниот пат на мрест на охридската јагула, кој некогаш започнуваше од Охридското Езеро, и завршуваше во Саргаското Море. На овој природен повик на дивината, водена од инстинктот, јагулата поминуваше околу 6 000 километри. Природниот пат беше прекинат во средината на седумдесеттите години од минатиот век, со изградба на брани на Црн Дрим, на нашата и на албанската страна од реката.

jagulata pak kje trgne na pat dolg 6000 kilometri

 

Првата идеја за возобновување на природниот пат на охридската јагула, пред десетина години, на еден собир на еколози во Охрид ја изнесе познатиот биолог од Хидробиолошкиот завод во Охрид м-р Зоран Спирковски. Тој тогаш предложи изградба на скалести испусти на местата каде што се наоѓаат браните, со што јагулата би можела да отплива во правец на Јадранот, а потоа и до Саргаското Море. Тоа беше начин како оваа риба да ги совлада вештачките пречки кои го прекинаа природниот пат. По мрестот, по истиот пат и на истиот начин таа би се враќала во Охридското Езеро.

На ова како да се подзаборави. Но пред извесно време, со почнување на проектот Дримски басен, оваа идеја повторно стана актуелна. “Во рамките на проектот Дримски басен треба да се изработи и менаџмент план со кој се регулира еколошката заштита на Охридското Езеро, но и на реката Црн Дрим. Определба е во овој план да биде опфатено и ревитализирање на природниот пат на охридската јагула. Потребни ќе бидат значителни средства, но останува надежта дека и за тој проблем ќе се најде решение. Постојат неколку предлози за тоа како да се отвори патот на охридската јагула до природното мрестилиште во Саргаското Море”, вели Дејан Пановски, координатор на проектот. Радован Димитриевски, рибар и автор на голем број телевизиски емисии за рибарството, вели дека проектот за обнова на природниот пат на охридската јагула е скап, но оти има решение.

“На македонската страна на реката Дрим има две брани, а на албанската се изградени четири брани. Тоа се вештачки препреки поради кои беше прекинат природниот пат на охридската јагула. Знам дека стручњаците предлагаат изградба на т.н. лифтови до овие брани, со кои јагулата би се подигнувала преку препреките при одењето кон Саргаското Море и по враќањето во Охридското Езеро”, кажува Димитриевски. На прашањето дали новите јагули на кои на овој начин би им се овозможил природен мрест, го имаат оној основен инстинкт да тргнат и да се вратат по патот долг околу 6 000 километри, Димитриевски одговара дека тој инстинкт е во генот на јагулата и не треба да се стравува дека таа нема да го најде природниот пат ако се совладаат природните пречки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close