fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Зголемен водостојот на Охридското, а намален на Преспанското Езеро

Сепак, нивоата и на двете езера се пониски од просекот за јуни

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското, а за исто толку е намален на Преспанското Езеро во споредба со вчерашниот ден, покажуваат последните резултати од мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, нивоата и на двете езера се пониски од просекот за јуни и тоа за 15 сантиметри кај Охридското и за 1,68 метри кај Преспанското Езеро. И покрај тоа Преспанското Езеро за 14 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е ист како вчера и е за 2,7 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец.

Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава и кај најголем дел од нив се бележи благо намалување на нивото во споредба со вчера.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close