Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Платежната агенција ќе ги доисплати субвенциите за тутун откако тутунарите ќе бидат симнати од листата на должници за вода и пашарина
Станува збор за дваесеттина тутунари кои не зедоа субвенции поради тоа што и должат на државата.
Платежната агенција ќе ги доисплати субвенциите за тутун откако тутунарите ќе бидат симнати од листата на должници за вода и пашарина.
-Оние тутунари кои не зедоа субвенции за тутун ќе бидат исплатени штом апликантите се раздолжат за вода и пашарина кај АД Водостопанство и ЈП за стопанисување на пасишта. Откако ќе бидат симнати од листата на должници кај овие претпријатија, во Платежната агенција ќе се обработат повторно апликациите и субвенциите ќе бидат исплатени, изјавија од Платежната агенција за „Зелена берза“
Станува збор за дваесеттина тутунари кои не зедоа субвенции поради тоа што и должат на државата.