Органско производство: Ниски цени, високи трошоци
Македонските органски производители, продавајќи главно на домашниот пазар, неможат да постигнат повисоки цени. Потрошувачите немаат доволно пари, а трошоците се големи.
Лани под органско производство се регистрирани вкупно 3.000 хектари, а со овој бизнис се занимаваат скоро 500 фармери.
Големите трговски ланци во Европа ја бараат органската храна, што е шанса и за македонските производители.
Македонија може да произведува и продава повеќе на европскиот пазар, но земјоделците е потребно да склучуваат договори за најмалку три години со странските трговци и да обезбедат и гарантираат доволни количества, велат експертите.
Побарувачката за органски производи се зголемува во глабални рамки.
Лани вкупно од продажбата на светскиот пазар се заработиле 90 милијарди долари, наспроти 15-те милијарди од пред една и пол деценија.