Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Аларм за раст на цените на маслото, шеќерот и житарките
Според Обединетите нации, глобалните цени на храната последнава деценија растеле најмногу досега на месечно ниво.
Според Обединетите нации, глобалните цени на храната последнава деценија растеле најмногу досега на месечно ниво. Расте загриженоста за зголемување на инфлацијата. Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство ги анализира цените на месото, шеќерот, млечните производи, маслото и житарките. На годишно ниво, цените на храната се зголемија за 39,7 проценти во мај. Тоа е најголемо месечно зголемување од октомври 2010 година. Најголемо поскапување има кај маслата, житарките и шеќерот. Експертите предупредуваат дека зголемената побарувачка и намалувањето на производството може да резултира со зголемување на инфлацијата, додека економиите излегуваат од изолација.