fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Фармата „Емини“ Дооел од битолско Доленци набави педигрирани овци од расата Асаф 

Инвестиција од 5.5 милиони денари

Фармата „Емини“ Дооел од битолско Доленци се првиот субјект кој набави педигрирани овци од расата Асаф.
Со инвестиција од 5.5 милиони денари набавени се 275 Асаф овци.
4.1 милион денари се грант од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој што претставува 75% од вкупната инвестиција.
Овој проект е заеднички успех на Владата и сточарскиот сектор и е доказ за цврстата определба на институциите да бидат партнери во зголемувањето на сточниот фонд и најважно, подобрување на генетскиот потенцијал и зголемување на продуктивноста и конкурентноста, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close