fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа тргна по селата да ги чуе земјоделците за законот за продажбата на земјиштето

Во село Виничани, Велес, во посета на семејството Спасовски.

Од денеска започнувам теренска активност со директни средби со земјоделци. Сакам лично од нив да ги слушнам нивните размислувања во врска со новиот закон за продажба на државно земјоделско земјиште. Дали тие сакаат да го купат земјиштето или да продолжат да плаќаат закупнина?, напиша министерот Арјант Хоџа на ФБ.
Во село Виничани, Велес, го посетив семејството Спасовски. Марина и нејзиниот сопруг Боне Спасовски, заедно со своите три деца обработуваат 3 хектари лозје, 7 хектари овоштарство од кои претежно кајсија, сливи и праски, 1,5 хектар житарица и 10 пластеници со раноградинарска култура – пиперка. Во разговор со нив дознав дека се корисници на многу мерки на МЗШВ. Тие сакаат да ја купат земјата која сега ја обработуваат под закуп. Имаат големи планови за проширување на производството, а јас им посакувам многу успех, пишува Хоџа.
Во следните денови, ќе остварам нови средби со земјоделци од целата држава. Директната комуникација е наменета да ги слушнам од нив и сите критики, да ми кажат од што не се задоволни, а ние како нивна матична институција да постапиме согласно нивните барања и очекувања.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close