fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Битиќи: Ребалансот на Буџетот ќе биде објавен наскоро

Се прават последните консултации со министерствата и јавните институции околу ребалансот на Буџетот и тој се очекува да биде објавен многу наскоро.

Се прават последните консултации со министерствата и јавните институции околу ребалансот на Буџетот и тој се очекува да биде објавен многу наскоро. Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервју за МИА открива дека релабансот ќе биде во насока на поддршка на развојот и опоравувањето.

 

– Мислам дека многу набргу, наредните 10-тина дена би требало да се случи. Нема да има премногу изненадувања. Стандардно тоа што го покажавме е дека домаќински се грижиме за јавните средства. Таму каде што навистина нема можност да се спроведат одредени проекти, ќе се скратат и ќе се алоцираат средствата. Секако може да се алоцираат и во сегментот на поддршка на стопанството затоа што одредени показатели покажуваат дека можеби ќе треба уште еден период да има мерки. Поддршката на стопанството повеќе ја гледам како поддршка за креирање на додадена вредност, а не само како давање на помош за справување со последици – вели Битиќи за МИА.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close