fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Закрепнување на пазарот на трудот дури во 2023 година?

Бројот на невработени, но и сиромашни, значително се зголеми

Се проценува дека најмалку 220 милиони луѓе во светот ќе останат без работа оваа година, што е значително над нивото пред пандемијата, додека слабото закрепнување на пазарот на трудот ги влошува постојните нееднаквости, објави Меѓународната организација на трудот (МОТ) .

Агенцијата на Обединетите нации предвидува дека ситуацијата ќе се подобри следната година и дека бројот на невработени ќе падне на 205 милиони, иако таа бројка е значително над 187 милиони колку што е забележана во 2019 година, пред разорното влијание на пандемијата, објави Ројтерс.

Според методологијата на МОТ, годинава бројот на невработени дава глобална стапка на невработеност од 6,3 проценти, што следната година ќе се намали на 5,7%, но сепак ќе биде поголема отколку пред кризата, кога беше 5,4 проценти.

„Растот на вработеноста нема да биде доволен да ги надомести претрпените загуби барем до 2023 година“, наведува МОТ во извештајот „Светско вработување и социјални изгледи: Трендови 2021“.

Според извештајот на МОТ, најпогодени категории се жените, младите луѓе, но и две милијарди работници кои работат во неформалниот сектор, со 108 милиони повеќе работници ширум светот сега категоризирани како „сиромашни“ или „екстремно сиромашни“ отколку што беше случај.

Стефан Куен, економист на МОТ и главен автор на извештајот, изјави за Ројтерс дека реалното влијание на пандемијата на пазарот на трудот е уште поголемо кога ќе се земе предвид намалувањето на работното време наметнато на многу работници.

Генерално, се проценува дека загубата на работното време минатата година во споредба со 2019 година одговара на 144 милиони работни места со полно работно време. Според МОТ, таа загуба останала голема во вториот квартал од 2021 година и изнесувала 127 милиони работни места со полно работно време.https://lokalno.mk/zakrepnuvane-na-pazarot-na-trudot-duri-vo-2023-godina-brojot-na-nevraboteni-no-i-siromashni-znachitelno-se-zgolemi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close