fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Силосите на поранешно „Жито ориз“ сега во сопственост на компанија „Атанасовски“ од оваа жетва ќе вршат откуп на житарици

Капацитетот на силосите е околу 22 илјади тони

Она што е новина од оваа година е што дел од големите и успешни сточарски капацитети најдоа сили и интерес да влезат во откупот на житарици како што се пченица, јачмен и пченка од домашните земјоделци и за потребите за правење на сточна храна наместо да увезуваат како општествено одговорни компании се вклучуваат во откупот на жита годинава. До скорашните капацитети на „Жито ориз“ од Кочани сега веќе во сопственост на компанијата „Атанасовски“ од оваа жетва ќе врши откуп или услуги за чување на житото за сите кои се заинтересирани. Ова за земјоделците е можност да не се изложуваат на дополнителни трошоци за увреќување и складирање во импровизирани услови каде може за кратко време да дојде и до губење на квалитетот на пченицата а од друга страна без трошоци за аргати и пакување во вреќи по жетвата пченицата да има каде да ја носат или да ја продадат со можност за брза исплата.

-Капацитетот на силосите е околу 22 илјади тони од кои имаме дел од тоа каде што се чува за потребите на државата и за одредени компании кои имаат потреба од складирање на родот а другиот дел би го наполниле со откупот кој ќе го направиме оваа година. Ако мораме да увезуваме соја тогаш барем другите житарки како што се пченка, пченица и јачмен кои ни се потребни за сточната храна да ги набавиме од домашните земјоделци, рече Тоше Атанасовски од компанија „Атанасовски“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close