Надлежните тврдат дека граѓаните јадат безбедна храна
Производи со поминат рок, чување на несоодветно место, без декларација или нејасно напишана од која не може да се прочита содржината.
Производи со поминат рок, чување на несоодветно место, без декларација или нејасно напишана од која не може да се прочита содржината. На ова најмногу се жалат потрошувачите, кога станува збор за безбедноста на храната. До Организацијата за заштита на потрошувачите имало пријави и за најдено стакло или пластика во белите печива. Пропусти има секаде, па дури и во Европската Унија, велат од ОПМ. Хемикалии биле пронајдени во бамбусовите производи, кои се замена на пластиката и се продаваат како еколошки, био разгрдаливи.
-Контролите укажале дека 53% од бамбусовите производи, како шољи за кафе, сламки, прибор за јадење и слично, содржеле хемикалии над препорачаните нивоа, додека 21% близу до дозволената граница, изјави Лончар.
Надлежните уверуваат – македонските граѓани јадат безбедна храна. Ако детектираат неправилности, ја запленуваат и уништуваат. Само годинава, за 5 месеци уништени се 67 тони храна, а минатата година 238 тони
„Во уништените 238 тони е уништено се’ она што не ги задоволува органолептичките карактеристики или рокот. Путер, кашкавал, сусам… Имавме уништување на месните преработки кои не ги задоволуваа критериумите. Тука постапува инспекторот, а уништувањето се врши под негова контрола“, информираше директорот на АХВ, Николче Бабовски.
Сепак, казните за прекршители се премали. Бабовски вели – целта им е да едуцираат и превенираат, Лончар пак бара повиски казни и построги стандарди.
Инаку во светот над 600 милиони луѓе заболуваат, а 420.000 годишно умираат од јадење небезбедна храна. На светскиот ден на безбедноста на храна, од Владата уверуваат дека конечно ќе се стави крај со продажбата на производи на несоодветно место, како на пример сувомеснати призводи на пазарите. Веќе се работи на измени во Законот за потршувачи и законот за безбеднбост на производите.https://sitel.com.mk/nadlezhnite-tvrdat-deka-gragjanite-jadat-bezbedna-hrana