fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Продолжен рокот за спроведување на пописот на презимени пчелни семејства до 15 јуни

Информација за пчеларите

Агенцијата за храна и ветеринарство им излезе во пресрет на барањето на одглeдувачите на пчели и го продолжи рокот за спроведување на пописот на презимени пчелни семејства до 15 јуни.
Со донесување на Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, пчеларите кои досега не ја спровеле оваа активност во пчеларниците, тоа ќе можат да го сторат до средината на месецот и бројната состојба да ја пријават до ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.
Евидентирањето на бројната состојба на презимени пчелни смејства во Ветеринарно информативниот систем на Агенција за храна и ветеринарство (ВИС), е услов за алицирање на одгледувачите на пчели за добивање на земјоделски субвенции.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close