fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Исплатени субвенции за 2.332 индивудуални земјоделци

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 51 милион денари на сметките на 2.332 индивидуални земјоделци.

– Право за користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои земале субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година. Овие корисници ќе добијат 20 проценти повисоки субвенции на вкупната исплатена сума по основни субвенции, информира директорот на Агенцијата Никица Бачовски.

Исто така, на сметките на 6.930 фармери кои го зголемиле стадото во споредба со претходната година исплатени им се 26,1 милион денари. Станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил бројот на грла од основното стадо на говеда, овци, кози, маторици, несилки и пчелини семејства.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close