Агро бизнисВестиТоп вести
Светска Банка го одобри заемот за модернизација на нашето земјоделството
Проектот е со вкупна вредност од 46 милиони евра и содржи огромна развојна компонента за земјоделството
Светска Банка го одобри заемот за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, кој е со вкупна вредност од 46 милиони евра и содржи огромна развојна компонента за земјоделството, со сериозен позитивен импакт врз вкупната домашна економија.
Во медиа центарот на Влада на Република Северна Македонија, Министерот Хоџа заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска одржаа прес – конференција, а преку видео врска се вклучи и директорот на Светска Банка за Македонија, Масимилијано Паолучи.
Проектот е наменет за изградба на два Oткупно-дистрибутивни центри во Ресен и Струмица, кои ќе ги опфатат преспанскиот и струмичкиот регион и сеопфатна Земјоделска платформа во Скопје, која ги опфаќа полошкиот и кумановскиот регион.
Исто така, дел од средставата се наменети за таргетирани експертски советодавни услуги и изградба на современа фабрика за отстранување на нус производи од животинско потекло.
Со имплеметацијата на сите компоненти од овој проект, најголема придобивка ќе имаат земјоделците, но и преработувачите, малопродажните ланци, пазарите, потрошувачите, општините и целокупната домашна економија.
Конечно остваруваме нешто што одамна му беше потребно на нашето земјоделство, а истовремено ги исполнуваме европските барања за модернизација и развој на земјоделскиот сектор, во хармонизација со ЕУ легислативата и стандардите за квалитет.