fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Не плаќајте долг од еден денар, ако имате на даночната пресметка

Дел од граѓаните  во Годишната даночна пресметка, која требаше да се потврди до 31 мај, забележале долг од 1 денар.

Дел од граѓаните  во Годишната даночна пресметка, која требаше да се потврди до 31 мај, забележале долг од 1 денар. Тие се збунети и не знаат што да прават, да чекаат решение од УЈП за тој денар, да го уплатат без решение, или да не прават ништо. Според одговорот што го добивме од УЈП, денарот не се зема предвид за наплата, односно сите оние што имаат долг од 1 денар, не мора ништо да направат.

– Овој мал долг се јавува од разликата што произлегува при заокружувањето на децималата при пресметка на данокот во аконтативните пресметки. Ако износот на пресметаниот данок во децимала има пресметка под 0,50, тогаш се заокружува помалиот износ, а на годишно ниво да предизвика обврска за доплата, а доколку е над 0,50 се заокружува поголемиот износ, а на годишно ниво да предизвика претплата. Доколку разликата за доплата се појавува во полето „Разлика за доплата на данок што ја должи исплатувачот на доход во име и за сметка на обврзникот“, тогаш овој износ не се зема предвид за наплата, затоа што наредната година може да биде во претплата и да се пребие – велат од УЈП, за Слободен печат.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close