Новиот еколошки данок вметнат во ребалансот на буџетот
Иако Министерот за финансии Бесими не сакаше да прецизира дали со ребалансот е воведен и нов данок и тврдеше дека се уште се размислува за воведување на еколошка такса за горивата – сепак Владата годинава планира да ја полни државната каса и од овој нов данок.
Еколошката такса влезе во ребалансот на буџетот. Иако Министерот за финансии Бесими не сакаше да прецизира дали со ребалансот е воведен и нов данок и тврдеше дека се уште се размислува за воведување на еколошка такса за горивата – сепак Владата годинава планира да ја полни државната каса и од овој нов данок. Конкретни пресметки во ребалансот колку пари ќе се соберат од него до крајот на годината – нема. Но само од даноци се планира да се соберат 96 милиони евра повеќе од првичните проекции за годинава. Предвидени се повеќе приливи кај сите даноци, а ќе има раст и кај неданочните приходи – треба да се соберат 243 милиони евра – или за 21 милион евра повеќе од првичниот план.
ГЛАВНИ ПРИОРИТЕТИ ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ СЕ ПРАВЕДНОСТ ВО ОДАНОЧУВАЊЕТО, ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ ВО НАПЛАТАТА НА ПРИХОДИТЕ… КАКО И ВОВЕДУВАЊЕ ЕКОЛОШКО (ЗЕЛЕНО) ОДАНОЧУВАЊЕ, СО ЦЕЛ СТИМУЛИРАЊЕ НА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ ПРЕКУ ЈАВНИТЕ ДАВАЧКИ ДА ПРИДОНЕСАТ ЗА ПОМАЛО ЗАГАДУВАЊЕ – СТОИ ВО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕОТ КОЈ СТИГНА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ.
Нема драстични кратења на непродуктивните трошења како што најави владата. Дури ставките за купување на опрема и машини наместо надолу, одат нагоре. Вкупно за стоки и услуги државните институции ќе потрошат 218 милиони евра, или 3 милиони повќе. За купување на опрема и машини ќе се потрошат 106 милиони евра или за околу 18 милиони евра повеќе од првичниот план. За мебел се предвидени 3,6 милиони евра или плус 2 милиони евра. А за возила 2,1 милион евра или 280.000 евра повеќе.https://telma.com.mk/2021/06/14/%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE/