fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Ќе има еколошка такса за нафтените деривати и намалување на ДДВ-то за струјата

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека ќе има еколошка такса за нафтата од 3,5 денари и намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти.

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека ќе има еколошка такса за нафтата од 3,5 денари и намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Одлуките, како што изјави, допрва следуваат и се дел од програмата на Владата за екологија.

Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела 2020 година. Средствата ќе бидат лоцирани во фондовите за инвестиции на обновливите извори на енергија.И со воведувањето на оваа еколошка такса, како што изјави, остануваме меѓу земјите со најниски цени за нафтата и бензините.

– Еколошката такса од 3,5 денари на нафтата е со порака да се откажеме од нафтата и нафтените деривати и помало нивно користење за да преминеме на користење на зелена енергија, односно да се движиме почесто со велосипед, тротинет и електрични возила затоа што тоа го прави цел свет. Преку една ваква еколошка такса, средствата ги лоцираме директно во фондовите за инвестиции на обновливи извори на енергија, но истовремено и за амортизација при либерализацијата на пазарот на струјата затоа што сакаме да ја подготвите С. Македонија и граѓаните за меко спуштање при целото пазарно пласирање на цената на струјата со конечна цел да нема покачување на цената на струјата оваа година, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за инфраструктурни проекти за 23 општини.

Намалувањето на ДДВ-то на струјата се планира околу 1 јули и според премиерот тоа ќе важи до 1 јули 2022 година кога ДДВ-то ќе биде 10 проценти до 1 јули 2023 година и кога повторно ќе се врати на 18 проценти.

– Токму преку ваквите механизми овозможуваме социјална стабилност на граѓаните. Ќе ги развиеме сите социјални програми за во 2022, 2023 и 2024 година најсиромашните граѓани да бидат подготвени полесно да ги пребродат сите енергетски промени што ќе дојдат со транзицијата од јагленовите термоелектрани во зелените енергии како што се фотоволтациите и ветерниците, појасни Заев.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close