„Макам-транс“: Еколошката такса ќе ја покапи нафтата за 4,13 денари за литар
Од Макам-транс сметаат дека еколошката такса со која ќе бидат опфатени нафтените деривати се очекува да ја зголеми цената на нафтата за 4,13 денари/литар.
Асоцијација Макам-транс испрати допис до Влада и до Министерство за финансии како реакција за не вклучување на превозниците во анализите за оваа мерка како најголеми потрошувачи на нафтени деривати и не примена на еколошка суштина која се практикува како стимулативна мерка во државите членки на ЕУ, соопштија од оваа асоцијацијата на нивниот Фејсбук профил.
Од Макам-транс сметаат дека еколошката такса со која ќе бидат опфатени нафтените деривати се очекува да ја зголеми цената на нафтата за 4,13 денари/литар.
Од Макам – транс додаваат дека дописот е првиот чекор кој асоцијацијата го презеде како реакција на владината мерка.
„Во наредниот период предвидени се состаноци со надлежните органи и обид за промена на најавената мерка, за таа цел се одлучивме да спроведеме анкета за да се анализира состојбата и спремноста на превозниците за спроведување на отпор во различни облици, велат од Макам транс.https://nezavisen.mk/makam-trans-ekoloshkata-taksa-kje-ja-pokapi-naftata-za-413-denari-za-litar/