fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тони Димитров од Кочани – Ме одмара зуењето на пчелите и нивната совршена организираност

Димитров 20 години се занимава со пчеларство

„Ми претставува особено задоволство кога сум на пчеларник и работам, бидејќи психички ме одмара зуењето на пчелите и нивната совршена организираност„, вели Тони Димитров од Кочани кој што веќе 20 години се занимава со пчеларство и има околу 100 пчелни семејства на три локации.
На почетокот пчеларството му било само хоби, но постепено со зголемувањето на бројот на пчелните семејства прераснува во дополнителна професија што бара многу труд и вложување.
Тони ужива кога е на пчеларник со своите пчели, секој ден после работа од март до септември, а ја истакнува и важноста на сертификатната марка која што е воведена за членовите на „Меден Исток“ со поддршка на Програмата за зачувување на природата (ПЗП):
„Производите од пчелите кои ги добивам на одржлив начин имаат додадена вредност, не само поради тоа што се добиваат од прекрасната природа на Осоговието, туку и сертификацискиот систем за следење и контрола кој го воспоставивме како здружение „Меден Исток“ со сертификатната марка „Одржливо произведен мед и други пчелни производи“ кој што го гарантира квалитетот и безбедноста на нашите производи“.https://medenistok.mk/proizvoditeli/toni-dimitrov
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close