fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците се подготвуваат за нов протест

Организаторите на протестите на тутунарите се незадоволни од третманот што го имаат земјоделците од власта

Поради лошите одлуки и решенија од страна на Владата кон севкупното земјоделие, како предлог Законот за продажба на државното земјоделско земјиште, недавањето поддршка на измените на Законот за тутун како и последната одлука за зголемување на акцизата на горивата со таканаречената еколошка такса, се уште неисплатениот 5ти ковид пакет за тутунарите како и неисполнетото ветување дадено од премиерот на тутунарите за просечна цена од180-185 денари по килограм предаден тутун, неисплатените субвенции на сточарите, проблемите во лозаропроизводството, оризопроизводството, градинарството и сите земјоделски гранки кои се на раб на уништување.

Ние тутунарите!

Ги повикуваме сите земјоделци без разлика на етничка и верска припадност, без разлика на партиската припадност ги покануваме сите: асоцијации, федерации, сојузи, здруженија од сите земјоделски гранки да ни се приклучат и заеднички да изразиме општ револт и незадоволство од односот на властите кон нас земјоделците и заеднички да изнајдиме решенија за нашите проблеми. Сите оние кои им го посакуваат доброто на земјоделците и кои сакаат да дадат свои идеи размислувања и да се вклучат во организацијата на еден ваков општ земјоделски протест, јавно ве повикуваме да не исконтактирате на нашиот фб. профил Тутунари од Македонија. Датумот и местото за одржување на протестот ќе бидат соопштени дополнително, стои во повикот на новоформираните здруженија на тутунари испратен до Зелан берза.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close