Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Горивата поскапуваат: Нови цени од ноќеска
Од утре бензините ќе се продаваат за еден денар повеќе, а дизелот за половина денар.
Поскапуваат и бензините и дизелот од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според ново усвоениот ценовник, од утре бензините ќе се продаваат за еден денар повеќе, а дизелот за половина денар.
По поскапувањето, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 69,5 денари по литар, а малопродажната цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 71,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава 62 денари по литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за половина денар и со тоа горивото ќе чини изнесува 62 денари по литар.
Владата најави зголемување на 3,5 денари на еколошката такса со што горивата значајно ќе поскапат.