fbpx
Вести

Бивши кошаркар засадил плантажа со бадеми

Бившиот кошаркар на Цедевита, Мате Милиша засадил плантажа со бадеми.

Се работи за 200 хектари површина во близина на Задар.

bivshi kosharkar zasadil plantazha so bademi

 

Плодови се очекуваат за две до четири години, а потенцијал за овој бизнис има затоа што Хрватска произведува бадеми само за 20% од своите потреби, плус бадемите се доста барани во светот.

„Иако некогаш бевме добри во ова производство, сега е запоставено. Уверен сум дека мојот проект ќе донесе квалитет“ – вели Милиша.

Тој добил државно земјиште под закуп. Дел од садниците се веќе засадени, а  дел допрва ќе бидат засадени.

Вели дека бизнисот е скап и планира сериозно да се занимава со производство на бадеми, инаку не би се впуштил во оваа дејност и да вработува луѓе.

На хектар очекува род од 4 тони, а цената е од 25 до 60 куни по килограм.

Во светот годишно се произведуваат 2 милиони тони бадеми, а најголеми производители се Италија и Шпанија, а зад нив се Иран, Мароко и Португалија.

Се поголем замав зема САД, а Хрватска произведува 1800 тони бадеми на годишно ниво.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close