fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Димковски-Зад земјоделските протести стои опозицијата која како по обичај ја промашува темата

Што вели заменикот министер за земјоделие Трајан Димковски за протестите на земјоделците, незадоволството на сточарите, градинарите, тутунарите...

Во интервју за порталот „Локално“ заменикот министер за земјоделие Трајан Димковски, одговора на повеќе актуелни прашања меѓу кои и за земјоделските протести. Ви го пренесуваме прашањето и одговорот.

Локално-Ниту една година не поминува без протести и отворено незадоволство на земјоделците, сточарите, градинарите, тутунарите…Се жалат на нереално ниски откупни цени, незагарантиран и стихиен откуп, увоз на производи со пониска цена од домашната…Се чини дека решенијата изостануваат или се носат ад хок. Како ја објаснувате логиката на уривање на и онака кревкото македонско земјоделство?

Димковски-Ако ме прашате која е првата карактеристика на оваа влада, во однос на сите претходни, тоа е отвореноста за сите прашања. Особено кога станува збор за проблеми во земјоделството. Секогаш кога ќе се појави одреден проблем, без разлика за кој потсектор станува збор или за природата на проблемот, секогаш излегуваме на терен или ги повикуваме на работен состанок сите засегнати страни за заеднички да дојдеме до решението. Колку за потсетување, во првиот мандат од 2017 до 2020 откако ја преземавме одговорноста на власт во државата, наследивме планина од проблеми кои биле игнорирани со години. Неисплатени субвенции, закочени капитални инвестиции и изиграни земјоделци на кои не им беше исплатен откупот. На сите до еден им излеговме во пресрет. Со сите отворивме дискусија и со сите дојдовме до решение. Таков беше случајот со злоупотребата на државно земјоделско земјиште.

За потсетување, во првите 2,5 години раскинавме 600 договори за закуп на земјоделско земјиште за површина околу 6000 хектари кај кои беа најдени неправилности, и истите преку објавени огласи беа повторно ставени во функција, но кај вистинските земјоделци, оние кои вистински ја обработуваат почвата. Наследивме проблем на оштетени лозари од тиквешкиот регион каде 600 земјоделски стопанства не беа исплатени за откупот од страна на две винарии, го решивме и тој проблем лозарите да ги добијат своите тешко заработени пари. Сепак, морам да потенцирам дека треба повнимателно да се следи кој стои зад оние протести кои се декларираат како земјоделци, бидејќи од тоа што досега можевме да го видиме во јавноста, зад таквите протести стои опозицијата, која како по обичај ја промашува темата и во повеќе наврати протестира за решавање на проблеми кои произлегуваат од нивното владеење.

Целото интервју прочитајте го на овој линк

https://lokalno.mk/intervju-so-dimkovski-drzhavnoto-zemjodelsko-zemjishte-ima-znachene-samo-ako-se-obrabotuva-vo-sprotivno-ke-ostane-predmet-na-uzurpatsija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close