fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа дециден: Како родител не можам да им објаснам на моите три деца каква гордост се промовира на парадата

Како родител јас не можам да најдам аргументи да им објаснам на моите три деца каква гордост се промовира на парадата

Меѓу оние министри кои не ја поддржаа Парадата на гордоста, беше и првиот човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа од редовите на Движењето Беса. Тој со искрен статус на Фејбук го објасни својот став за парадата на која денеска се појавија многу негови колеги – министри па и претседателот Стево Пендаровски.

„Начинот на живот е многу индивидуален и секој има право да живее како што сака. Тоа е демократија. Но, семејните вредности се над сѐ. Тие се основа за градење на здрава иднина. Како родител јас не можам да најдам аргументи да им објаснам на моите три деца каква гордост се промовира на парадата што се најавува. Ја почитувам слободата, како што ги почитувам и различните мислења за одредени теми, но за мене како јавна личност и како политички претставник на Движењето БЕСА во Владата сметам дека институцијата семејство и моралните и традиционалните вредности за она што претставува семејство се нешто свето“, напиша Хоџа на својот профил на Фејсбук.

Денеска за правата на ЛГБТИ заедница маршираа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерската за образование Мила Царовска и нивната колешка од ресорот труд и социјала Јагода Шахпаска. На Парадата на гордоста во Скопје се појави и претседателот Стево Пендаровски со сопругата, повеќе пратенички, политиколози и граѓански активисти како и амбасадори и друг персонал од американската, британската, холандската и другите амбасади и мисии во земјава.https://www.slobodenpecat.mk/ministerot-hodha-decziden-kako-roditel-ne-mozham-da-im-objasnam-na-moite-tri-decza-kakva-gordost-se-promovira-na-paradata/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close