fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Панчо Минов-Законот за еколошка такса нема да влијае на стандардот на граѓаните

Панчо Минов од СДСМ во емисијата 24 анализа изјави дека животната средина е најранлива област.

Панчо Минов од СДСМ во емисијата 24 анализа изјави дека животната средина е најранлива област. Смета дека еколошката такса значи усогласување со европската регулатива каде на земја како што сме ние, услов е и сама да учествува во еколошки проекти.

„Треба да учествува со 48% и ние за да може да бидеме корисници на таква сериозна декларативност, треба не само да се дебатира за да се расчистат некои прашања, туку и да се усвои. Овој еколошки данок се објаснува со тоа дека ќе придонесе за фосилните транзиција на горива кон обновливи извори за енергија и ќе се направи обновлив еколошки фонд и задолжувањето на министерството на екологија вели дека сретствата ќе се собираат во посебен развоен фонд кој ќе има неколку намени. Сметам дека ова е работа која има многу убедливост во аргументите дека нема да влијае на стандардот на граѓаните.“ – изјави Минов.

Бране Петрушевски, пак  од ВМРО-ДПМНЕ во истата емисија за 24 анализа изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите можни демократски алатки да го блокира донесувањето на овој закон и вели дека партијата не блокира Собранието, туку штетни законски одлуки на владата.

„Воведувањето на некаква си еколошка такса, која неправилно ја именуваат. Ниту имаме некакво образложение како таа ќе влијае и какви еколошки импликации ќе има, а јас тврдам дека ќе нема, освен фисканлни импликации во време  кога јавниот долг расте, а тие треба да наоѓаат сретства да го полнат буџетот. – изјави Петрушевски.

https://24.mk/details/minov-za-tv-24-zakonot-za-ekoloshka-taksa-nema-da-vlijae-na-standardot-na-gra-anite

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close