fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ДЗР: Надлежните не обезбедуваат ефективно управување со минералните суровини и ефикасна наплата на концесиите

Според ДЗР, недостатокот на долгорочно стратешко планирање не обезбедува стабилна основа за водење ефективна политика на управување со минералните суровини во земјава

Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни да обезбедат ефективно управување со минералните суровини, во однос на нивната оптимална искористеност и ефикасна наплата на концесиските надоместоци, согласно начелата на одржлив развој, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) спроведена на тема „Ефективност на мерките и активностите за искористување на минералните суровини и наплата на надоместоците“ со цел да даде одговор на прашањето: „Дали со мерките и активностите се обезбедува ефективност за искористување на минералните суровини и наплата на надоместоците согласно начелата на одржлив развој“.

Според ДЗР, недостатокот на долгорочно стратешко планирање, честите измени и дополнувања на законските одредби, отсуството на подзаконски акти, недоволната институционална соработка и нецелосно воспоставен катастар на наоѓалишта и појави на минерални суровини не обезбедуваат стабилна основа за водење ефективна политика на управување со минералните суровини во земјава.

– Непрецизираните рокови и ненавременото склучување договорите го пролонгираат времетраењето на постапките за доделување на концесиите за минерални суровини, што има негативни импликации врз економскиот интерес на субјектите, а не доволно утврдените обврски на концесионерите не обезбедуваат правна заштита, во случај на неисполнување на законските одредби Концесионерите не се задолжени да доставуваат пресметки за продадените количини на минерални суровини, ниту се регулирани прашањата за надоместоците во однос на експлоатираните количини кои се користат за сопствени потреби и доколку на ист концесиски простор се искористува повеќе од една минерална суровина, наведуваат од Државниот завод за ревизија и додаваат дека ваквата системска поставеност за наплата и евиденција на концесиските надоместоци не дава можност за проверка на пресметките, што претставува ограничување во извршувањето надзор и контрола на целосноста и веродостојноста на приходите од концесиските надоместоци.

Како резултат на наведените слабости, за периодот 2016 – 2020 година, констатирани се помалку наплатени концесиски надоместоци во износ од 33 милиони денари од кои 14 милиони денари по основ на простор и 19 милиони денари по основ на експлоатирана минерална суровина.

За истиот период, утврдено е во ревизијата, ненавремено со задоцнување наплатени се вкупно 695 милиони денари (83 милиони денари по основ на простор и 612 милиони денари по основ на експлоатација на минерална суровина, за што не е пресметана законска затезна камата.https://nezavisen.mk/dzr-nadlezhnite-ne-obezbeduvaat-efektivno-upravuvanje-so-mineralnite-surovini-i-efikasna-naplata-na-koncesiite/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close