fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

‘Вријат’ земјоделците, си ги бараат субвенциите

Дали ќе има субвенции денеска и утре? Држава без земјоделците е само камен планина, река без вода, ливада без трева.

Игор Мирчески, координатор на новоформираните земјоделски здруженија реагира дека рокот за исплата на субвенциите изминува, а нема исплата за производството на сметките на земјоделците.
Мирчески обраќајќи се до земјоделците пишува  дека земјоделец кај нас се категорија за потсмев, но бројно гласачко тело. Во Европа категорија за почит и восхитување.
-Едно видување од друг агол да размислиме кои сме, што правиме за другите, а колку не ценат.
Почитувани председатели, премиери, минати, сегашни и идни.
Почитувани министри, пратеници, судии, обвинители, професори, доктори, директори, припадници на АРМ, МВР, административци, пеачи, музичари,глумци…пензионери и профитери. Сите вие кои никогаш не сте се судриле со производството на храна.
Замислете!!!
Вашиот доручек, вашата ужина, ручекот, вечера, вашите свадби, крштевки, слави, родендени, имендени, матурски, дипломски, секој залак кој ќе го вкусите е произведен од нас.
Сите житни производи, сето овошје, зеленчук, млечните и месните производи се е произведено од нас!Поголемиот дел од соковите, пивото, виното, ракијата сите овие напитоци без кои не може да се замисли животот е од нас.
Ниту пекарите, скараџиите, кафеанџиите, рестораните, хотелиерите, трговците, маркетите не можат да работат без нас.
Замислете го денот без ‘филингот’ на цигарите, задоволството од апетисаните, вашата облека, обувки, шампони, парфеми па и новите моди, се ова луѓе мои нивата треба да го роди.
Имајќи ги во предвид климатските промени производството на храна ќе биде се по нестабилно и по несигурно дури некои предвидувања одат дотаму дека следните војни би се воделе за питка вода и храна. Се повеќе, светската популација ќе биде во неможност да произведе доволни количини храна за секој жител на оваа планета. Замислете што ќе се случи со државите кои неможат да се потпрат на сопствено производство и стануваат увозно зависни за потреби од храна, а една од таквите станува и нашата држава. Ако дојде до таква криза ниедна држава нема да ви продаде храна пред да го нахрани своето население.Тука парите не помагаат, ниту дипломатија, ниту пријателствата меѓу државите. Само тие кои ќе се потпрат на сопствено производство ќе бидат независни. Останатите без разлика на нивната моќ ќе зависат од други.
Затоа почитувани, кога во секој залак храна уживате, кога со секоја голтка вино воздивнувате сетете се дека за сите ваши задоволства заслужни се производителите на жито и житни култури, сточарите, млекарите, градинарите, лозарите, овоштарите, пчеларите, тутунарите… и затоа следниот пат кога некого од нив сретнете, не омаловажувајте го туку поклонете му се, бидејќи држава без земјоделците е само камен планина, река без вода, ливада без трева. Со еден збор ако не нема нас, ќе ве нема и вас.
Размислете!, пишува Мирчески.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close