Интензивно работиме во најбрз можен рок да ги исплатиме субвенциите за сточарство и за градинарство, вели Бачовски.
Бачовски нагласи дека сите пари што треба да ги добие Агенцијата со ребалансот на буџетот, ќе бидат исклучиво во делот на поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, во изјава за Агротим рече дека интензивно се работи во најбрз можен рок да бидат исплатени субвенциите за сточарство и за градинарство.
„Во моментов службите на Платежната агенција ги обработуваат сите барања, и од делот на сточарството и од делот на градинарството, како и сите дополнителни мерки што следуваат за исплата. Логично е дека се соочуваме со одредени потешкотии, знаеме каква беше 2020 година. Интензивно работиме во најбрз можен рок да ги исплатиме субвенциите за сточарство и за градинарство.“, рече Бачовски.
Бачовски нагласи дека сите пари што треба да ги добие Агенцијата со ребалансот на буџетот, ќе бидат исклучиво во делот на поддршка на земјоделството и руралниот развој.
„Ние со ребалансот не бараме ниту нови коли, ниту мебел, ниту компјутери, ниту за какво било луксузирање, сите пари што ги имаме побарано, се исклучиво во делот на поддршка на земјоделството и руралниот развој, три милијарди денари се побарани за исплата на субвенциите и со тие пари се очекува во целост да бидат покриени субвенциите за сточарство, градинарство и останати дополнителни мерки, а имаме добиено и над 400 милиони денари за капитални инвестиции.