fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ангеловска-Бежоска: Клучните фактори засега овозможуваат олабавена монетарна политика

Повисоко ниво на девизни резерви, а поумерена инфлација, значи и поголем простор за продолжено спроведување лабава монетарна политика.

Во услови на монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот, токму инфлацијата и нивото на девизните резерви се двата клучни фактора од кои зависи просторот за спроведување олабавена монетарна политика.

Повисоко ниво на девизни резерви, а поумерена инфлација, значи и поголем простор за продолжено спроведување лабава монетарна политика. Најновите податоци укажуваат дека девизните резерви се одржуваат на високо ниво – тие надминуваат 4 милијарди евра, што е повеќе од двојно во споредба со глобалната економска криза. Инфлацијата умерено забрза под влијание на глобални фактори, но сепак тоа не се промени што ги создава побарувачката и засега не се очекуваат потрајни инфлациски притисоци, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Третата меѓународна научно-стручна конференција „Економски и социјални импликации од КОВИД-19, предизвици и предлози за надминување“, чиј домаќин е Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во однос на идната поставеност на монетарната политика, додаде Ангеловска-Бежоска, НБ ќе продолжи да ги следи состојбите во надворешното окружување, особено во ЕУ, како и домашните услови и нивното влијание врз девизните резерви и инфлацијата.https://nezavisen.mk/angelovska-bezhoska-kluchnite-faktori-zasega-ovozmozhuvaat-olabavena-monetarna-politika/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close