Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот е мала и многу ретко се изрекува
Мерката конфискацијата во нашето законодавство е воведена во 2004 година, а првата примена е четири години подоцна и нејзината практична примена во судовоте во држават се уште е ретка.
Мерката конфискација на нелегално стекнатиот имот во нашето законодавство е воведена од 2004 година, но нејзината практична примена во судовите низ државата се уште е ретка. Во изминатите 5-6 години имаме само 40-тина предмети во кои е применета конфискацијата, од кои само 35 се правосилни. Во 30 правосилно завршени предмети, анализирани во последните 12 месеци, само во пет проценти е побарано конфискација од јавниот обвинител, а нелегално стекнатата имотна корист се движела од 240 илјади денари, до 14 милиони денари. Дополнително конфискацијата, многу ретко се изрекува во случаите на организиран криминал и корупција и поради тоа, сумите на конфускуваниот имот се релативно ниски.
Ова го покажуваат податоците собрани од спроведениот мониторинг на кривични судски постапки во 11 основни судови низ земјава во изминатите 12 несеци, во рамки на проектот „Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Северна Македонија“ на Коалицијата „Сите за правично судење“.
Извршната директорка на Коалицијата „Сите за правично судење“ Натали Петровска, нагласи дека мерката конфискацијата во нашето законодавство е воведена во 2004 година, а првата примена е четири години подоцна и нејзината практична примена во судовоте во држават се уште е ретка.https://nezavisen.mk/analiza-konfiskacijata-na-nelegalno-steknatiot-imot-e-mala-i-mnogu-retko-se-izrekuva/