Уапсени седуммина службеници на косовското Министерство за земјоделство осомничени за корупција
Акцијата е продолжение на истата од пред неколку месеци, кога беа уапсени неколку службеници на МЗШРР, заради злоупотреба на фондовите за земјоделски субвенции.
Косовската полиција изведе акција во Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој (МЗШРР), во која уапси седуммина службеници на Агенцијата за развој на земјоделството, осомничени за злоупотреба на службената должност, односно примање и давање поткуп. Според извори од полицијата, освен во Агенцијата, акцијата на Управата за борба против стопански кримина, во соработка со косовското Обвинителство, ќе продолжи и во други општини низ земјата, при што може да се очекуваат нови апсења.
Акцијата е продолжение на истата од пред неколку месеци, кога беа уапсени неколку службеници на МЗШРР, заради злоупотреба на фондовите за земјоделски субвенции.
Денешните апсења се изведени врз основа на докази добиени од запленетите телефони на претходно уапсените службеници на МЗШРР. https://24info.mk/