fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Квасец како добиточна храна и замена за антибиотиците

Иновација во светот која почнаа да се применува и кај нас

Кога ќе се каже квасец на сите веднаш сликата ни е како се меси некое тесто и како се додава квасецот за да го ,,стаса,, тоа тесто односно да го нарасне и да биде подготвено за печење. И додека е толку нормално да зборуваме за примената на квасецот во исхранат на човекот, во сточарството тоа е нешто сосема ново не само кај нас туку и во светски рамки. Според експертите од ветеринарниот факултет кои се директно вклучени во научните истражувања за ефикасноста и важноста на примената на квасецот во исхраната на сите животни, сточарите, се повеќе и се почесто ќе почнат да се среќаваат со квасецот како додаток на добиточната храна.

-Може да се каже дека ова е иднината и неминовно е во периодот кој следи сите сточари кои сакаат да имаат квалитетен производ и да имаат рентабилност и профитабилност на својата фарма дека ќе почнат да го применуваат квасецот во исхраната на стоката. Во светски рамки се повеќе научни истражувања а со тоа и финансии се слеваат во оваа област. Тоа е иднината бидејќи во глобални рамки има тенденција на намалување на употребата на антибиотиците зошто има грижа да не се појави антимикробна отпорност кај луѓето кои консумираат производи добиени од животни третирани со антибиотици. Со примената на квасецот во исхраната како замена за антибиотиците нема такви случаи. Ние сега тоа го испитуваме и сакаме и научно да го докажеме дека квасците даваат ист ефект како антибиотиците а немаат негативно влијание врз здравјето и на животните а преку нив и на луѓето. Несомнено е дека индустријата се движи веќе во тој правец и квасците ќе се доведат до ниво да бидат едноставни за да можат сточарите да ги даваат на животните дури тоа ќе се прави во иднина и во премиксите кои се даваат како додатоци во исхраната рече Александар Додовски професор на факултетот за ветеринарна медицина од Скопје.

-Квасецот е иновативен пристап во исхраната на молзните говеда иако за човекот тоа е вообичаена секојдневна храна. Но не може било кој квасец да се дава на своја рака на стоката. Ние 2 години вршиме истражувања и по пат на елиминација од поширок избор дојдовме до оној сој на квасец кој е најповолен, кој дава најдобри резултати и кој може понатаму да се користи за да имаат бенефит сите сточари. Кога ќе се даде вистинскиот сој на квасец тој многу поволно влијае на микробиологијата на бурагот кај молзните крави што понатаму ќе даде позитивни ефекти и врз здравјето на животните и врз квалитетот и приносот на млеко. Сведоци сме денес дека се прават максимални напори за да се добие макар литар повеќе дневно производство а примената на кавсците го нудат токму тоа, рече Мирослав Ќосевски доцент на Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје.

Со помош на фондот за иновации единствената македонска фабрика за премиски со производни погони во Градско веќе неколку години откако ја осознале важноста и поволностите на примената на квасецот како добиточна храна заедно со науката и со познати меѓународни експерти и институти работи и веќе е дојдена до ниво да имам македонски производ на квасец за сточна храна. Независно за кој вид на стока се работи тие работат на понуда која сточарите ќе ги направи порентабилни.

-Ние како компанија постоиме 20 години а последните 10 години сме производители на премикси и сме единствени во земјава. Начинот на кој ние работиме е она што е иновативно кај нас. Ние правиме анализа на фармата со која работиме бидејќи знаеме дека не постојат две исти фарми. Се анализираат суровините кои ги има сточарот, условите и начинот на чување па потоа ја правиме конечната формулација. Наша голема предност е тоа што можеме многу бргу да реагираме и да прави било какви потребни корекции и за кратко време тие да му бидат достапни на сточарот. Како нешто ново од пред неколку години произведуваме квасци за сточна храна кои се далеку поевтини од оние кои може да се најдат од увоз и се изработени во соработка со Корчатов институтот односно заедно со нив е направен изборот на сојот кој најмногу одговара и има најдобри производни резултати по сите испитувања кои се прават директно на фарма, рече Тања Котевска од фабриката за сточна храна и премиски Гринагро. кој дава најдобри резултати и кој може понатаму да се користи за да имаат бенефит сите сточари. Кога ќе се даде вистинскиот сој на квасец тој многу поволно влијае на микробиологијата на бурагот кај молзните крави што понатаму ќе даде позитивни ефекти и врз здравјето на животните и врз квалитетот и приносот на млеко. Сведоци сме денес дека се прават максимални напори за да се добие макар литар повеќе дневно производство а примената на кавсците го нудат токму тоа, рече Мирослав Ќосевски доцент на Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје.

Со помош на фондот за иновации единствената македонска фабрика за премиски со производни погони во Градско веќе неколку години откако ја осознале важноста и поволностите на примената на квасецот како добиточна храна заедно со науката и со познати меѓународни експерти и институти работи и веќе е дојдена до ниво да имам македонски производ на квасец за сточна храна. Независно за кој вид на стока се работи тие работат на понуда која сточарите ќе ги направи порентабилни.

-Ние како компанија постоиме 20 години а последните 10 години сме производители на премикси и сме единствени во земјава. Начинот на кој ние работиме е она што е иновативно кај нас. Ние правиме анализа на фармата со која работиме бидејќи знаеме дека не постојат две исти фарми. Се анализираат суровините кои ги има сточарот, условите и начинот на чување па потоа ја правиме конечната формулација. Наша голема предност е тоа што можеме многу бргу да реагираме и да прави било какви потребни корекции и за кратко време тие да му бидат достапни на сточарот. Како нешто ново од пред неколку години произведуваме квасци за сточна храна кои се далеку поевтини од оние кои може да се најдат од увоз и се изработени во соработка со Корчатов институтот односно заедно со нив е направен изборот на сојот кој најмногу одговара и има најдобри производни резултати по сите испитувања кои се прават директно на фарма, рече Тања Котевска од фабриката за сточна храна и премиски Гринагро.

Тим на Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close