Бачовски-3,5 милијарди денари од август ќе се исплатат за субвенции, најпрво за сточарство и градинарство
Со овие средства во месец август ќе се исплатат субвенциите за сточарите основна мерка, градинарите основна мерка, како и тековните апликации на општините за рурална инфраструктура. Потоа ќе се исплатат апликациите за набавка на нова механизација, грантовите и други исплати, најавува Бачовски во изјава за Зелена берза
Ребалансот на Буџетот денеска влезе во процедура, за земјоделство и рурален развој ќе бидат наменети 3,5 милијарди денари, по што најпрво ќе бидат исплатени субвенциите за сточарство и градинарство, вели директорот на Платежната агенција Никица Бачовски во изјава за Зелена берза.
-При крајот на јули за Платежната агенција, всушност за земјоделство и рурален развој е одвоен буџет од 3,5 милијарди денари. Овие пари ќе бидат оперативни во месец август. Со овие средства во месец август ќе се исплатат субвенциите за сточарите основна мерка, градинарите основна мерка, како и тековните апликации на општините за рурална инфраструктура. Потоа ќе се исплатат апликациите за набавка на нова механизација, грантовите и други исплати, најавува Бачовски во изјава за Зелена берза