fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За две години вратени 36,3 милиони евра кај граѓаните

Благодарение на „МојДДВ“ едно четиричлено семејство може да врати до 28.000 денари годишно во својот семеен буџет.

Државата им вратила на граѓаните за две години 36,2 милиони евра, пари кои се поврат од платениот ДДВ преку проектот МојДДВ. Проектот почна на 1 јули во 2019 година, а сега  се сумираа резултатите. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска  рече дека на 399.000 корисници од различна возраст на апликацијата „МојДДВ“, во изминатите две години им се исплатени вкупно 2.238.340.844 денар, од кои во првата година преку „МојДДВ“ вратени се над 670 милиони денари, во втората година над 1,5 милијарди денари, а во првиот квартал од  годинава на граѓаните им се вратени 413.758.172 денари.

„Овие бројки се показател дека бројот на корисници и бројот на скенирани фискални сметки се зголемува. Граѓаните веќе знаат дека со сигурност на секои три месеци на нивните трансакциски сметки се исплаќа  повратот на ДДВ кој го оствариле и со тоа се зголемува довербата кон институциите, изјави Лукаревска.

Потенцира дека благодарение на „МојДДВ“ едно четиричлено семејство може да врати до 28.000 денари годишно во својот семеен буџет.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close