Агро бизнисВестиТоп вести
Забрана за движење низ шумите од 6 до 20 часот
Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат.
Се воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на Република Македонија, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, соопштија од јавното претпријатие „Национални шуми“.
Делумната забрана за движење во шума, посочуваат од претпријатието, почнува да важи во временски период од 6 до 20 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.