fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бензините поскапи за половина денар

Цената на дизелот останува иста

Малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 73,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува и останува 63 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,567 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,719 денари.

Како причина за промената на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 1,472  отсто и кај дизелот за околу 0,301 отсто, како и  за 0,157 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close