fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Македонски фирми со нула вработени заработиле и до 150 милиони евра

Ги има околу 2000 во Македонија.

Ги има околу 2000 во Македонија. Овие македонски фирми во 2020 година акумулирале вкупен приход од неверојатни 150 милиони евра. Заедничко на сите нив им се неколку работи – сите тие имаат верувале или не „0” вработени , второ и без вработени дел од овие компании одлично заработуваат и трето изгледа имаат суперспособни газди. Според информациите на Pari.com.mk и БизнисМрежа.мк ги има од повеќе сектори-трговија со струја, информатички компании, нафтен бизнис, градежништво, трговија и услуги. 

 

Заради создавањето поволни услови за отворање на бизниси (добра бизнис клима), Македонија овозможува отворање на фирми без да поседуваат деловен простор, односно без да имаат докази за користење на деловен простор под закуп и без да имаат вработени лица. Логиката е да им се овозможи да застанат на нозе, па потоа да започнат да вработуваат. Компаниите се основаат согласно со Законот за трговските друштва, а вработувањето се врши со почитување на одредбите на Законот за работните односи. Овие два закони имплицитно не наложуваат компаниите да имаат вработени лица, но… Посебни одделни прописи ја налагаат обврската за вработување. Овој момент подолу во текстот го објаснува Павле Гацов, експерт за даноци и еден од сопствениците на Агенцијата за економско-правна поддршка и процена, ПРО АГЕНС

Сега, кои се најмоќните десет фирми во Македонија без ниту еден вработен!? 

Лидер по приходи во оваа категорија е компанија која се занимава со трговија на електрична енергија. Станува збор за Алпик Енергија – лани свртела приход од импресивни 22,6 милиони евра, со не толку богата добивка од само 4.000 евра.

Втората компанија од листата е Тритерол Петрол-дејност и е трговија на големо со цврсти и течни горива и товарен патен транспорт. Финализирала со приход од 7,3 милиони евра и добивка од 83 илјади евра. Сопственикот се појавува како сопственик и управител на уште четири фирми со адреса во Неготино. Фасцинантно иако нема вработени, за 12 месеци Тритерол Петрол склучил 118 договори најмногу за набавка на мазут за основни училишта.

.https://www.slobodenpecat.mk/makedonski-firmi-so-nula-vraboteni-zarabotile-i-do-150-milioni-evra/

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close