fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците го канат претседателот Пендаровски на протестот на Петровден

Јавно го покануваме претседателот Пендаровски да присуствува на овој протест од кој директно ќе биде запознаен за нашите проблеми како и на лошите законски решенија

Земјоделците го канат претседателот на државата Стево Пендаровски на протестот на Петровден. Целта им е да го запознаат со проблемите на земјоделците.

Во поканата стои дека се пробиени сите рокови за исплата на субвенциите.

Почитуван,

Поради незаинтересираноста на Владата и Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство за решавање на нашите проблеми како и пробивањето на СИТЕ законски рокови и обврски за исплата на субвенции и ковид пакети од државата кон земјоделците, ние сме доведени во крајно незавидна финансиска ситуација, па оттука цениме дека немаме повеќе партнер за разговор во горенаведените институции, и поради тоа сме приморани да организираме протест на 12 07 2021 пред зградата на општина Прилеп со времетраење од 10 до 12 часот.

Затоа:

Јавно ве покануваме да присуствувате на овој протест од кој директно ќе бидете запознаен за нашите проблеми како и на лошите законски решенија од минатото на дел од кои и вие сте потпишан, како и да ве запознаеме дирекно со негативните ефекти кон земјоделците кои ке ги донесат законските решенија кои се во најава, пред се Законот за зелена такса како и Законот за продажба за државно земјиште пред да ги потпишете.

Освен ваше лично присуство, секоја друга поддршка или немање на одговор од ваша страна на оваа наша јавна покана ние земјоделците ќе добиеме впечаток дека и на Вас како претседател на државата ви е поважна ЛГБТ заедницата, на која вие јавно и со лично присуство и дадовте поддршка отколку ние кои ја храниме цела држава.

Стои во писмото од земјоделците испратено до претседателот Пендаровски

Жолто тутунско злато

Тутунарска мака

Тутунари земјоделци

Тутунска надеж

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close