fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни при ракување со опремата за наводнување во близина на далекуводи Слободен печат

Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња

МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и за жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со додатната земјоделска опрема во близина на далеководи од преносната мрежа.

– Не поминувајте со земјоделската механизација под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација.

– Не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далноводните траси.
– Не ги кревајте во височина( вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик.
– Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лица кои се наоѓаат под трасата на далеководот.
– Не палете стрништа во близина на далековод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем, велат од МЕПСО.

Апелираат и до спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далеководи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далеководите, под јажињата за пренос на електрична енергија.

– Не загрозувајте го сопствениот живот и животите на тие што се наоѓаат во ваша близина! Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем!, наведуваат во соопштението.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close