fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За раст или за предизборен поткуп – власта и опозицијата спорат за ребалансот на Буџетот

Со ребалансот, приходите се проектирани на 222,6 милијарди денари и се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалниот Буџет за 2021 гоидна

Ставовите на власта и опозицијата во однос на ребалансот на Буџетот и натаму остануваат спротивставени. На денешното продолжение на расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет пратениците од партиите на власт тврдеа дека ребалансот на Буџетот е развоен, со повеќе пари за стабилизирање на економијата, додека пак оние од опозицијата дека е расипнички, со повеќе пари за предизборен поткуп и партиски вработувања.

Пратениците дискусиите ги користеа и за меѓусебни обвинувања за лошо работење, за расипничко трошење државни пари и за злоупотреби.

Опозицијата остана на ставот дека ребалансот на Буџетот не нуди ништо ново и различно од она што досега било видено. Тој, според опозициските пратеници, нема да понуди ниту раст и развој, туку само предизборен поткуп. Обвинија за нереализација на капиталните инвестиции, неработење, злопотреби на државни средства, за ново задолжувања на граѓаните, како и за лошо справување со пандемијата и кризата предизвикана од неа.

Пратениците од партиите на власт пак, сметаат дека власта и досега добро ја води економската политика во државата и оти тоа ќе продолжи да се прави и по донесувањето на ребалансот на Буџетот. Со добри економски мерки, посочија, власта спаси илјадници работни места кои беа во ризик поради Ковид-19 пандемијата и им помогна на граѓаните и на компаниите. Нагласија дека опозицијата има најмалку право да критикува, со оглед на тоа како раководела со државата десеттина години кога била на власт.

Дебатата за ребалансот почна на 1 јули, а Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година го образложи заменик министерот за финансии, Димитар Ковачески. Поднесени се 222 амандмани, од кои 154 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Заменик-министерот рече дека Предлог-ребалансот заслужува конструктивна диксусија базирана на аргументи. Тој ги повика сите пратеници да го поддржат. Клучни сегменти се, напомена, зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на поддршката за стопанството, а приоритет остануваат здравјето на граѓаните, здравата економија и здравите финансии.

Со ребалансот, приходите се проектирани на 222,6 милијарди денари и се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалниот Буџет за 2021 гоидна, што, според предлагачот, се должи на добрата реализација на приходите од почетокот на годината. Расходите се планирани на 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на иницијалниот Буџет.

Дефицитот е позициониран во износ од 46,2 милијарда денари, односно 6,5 отсто од БДП. Зголемување има и кај капиталните расходи за 6,5 милијарди денари и се проектирани на ниво од 30,5 милијарди денари. Нивното учество во вкупните расходи на Буџетот од иницијално планираните 9,4 проценти, се зголемува на 11,3 отсто што е повисоко ниво од просекот во последните десет години.

https://nezavisen.mk/za-rast-ili-za-predizboren-potkup-vlasta-i-opozicijata-sporat-za-rebalansot-na-budzhetot/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close