fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Денеска во Атина ќе се потпише договорот за интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција

Договор меѓу владите на двете земји за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција- Северна Македонија

Министерот за економија на Северна Македонија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас, во Атина ќе го потпишат Договорот меѓу владите на двете земји за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција- Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Потпишувањето е планирано во текот на денешниот ден, а Бектеши е дел од делегација од нашата земја, предводена од премиерот Зоран Заев, кој учествува на дводневната конференција на „Економист“.

На вчерашниот редовен брифинг со новинарите, портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на договорот, рече дека Грција секогаш ја поддржува за интеграција на соседите од Западниот Балканот во Европската Унија, под поставените услови и„ секогаш поддржува економски развој и регионална стабилност и преку билатерални договори“.

Во рамките на „25-та тркалезна маса со грчката Влада“ што оваа година е на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“, премиерот Заев, утрово заедно со неговите колеги од Албанија и Косово Еди Рама и Албин Курти, ќе дискутираат за зајакнување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, за проширувањето на ЕУ, за трговијата и инвестициите како и за иницијативите за мир и подобро разбирање.

https://nezavisen.mk/deneska-vo-atina-kje-se-potpishe-dogovorot-za-interkonektorot-za-priroden-gas-megju-makedonija-i-grcija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close